• среда, 18 декември 2024

Чешката ОДС не ја сака партијата на Орбан во свое друштво: Не ни требаат уценувачи 

Чешката ОДС не ја сака партијата на Орбан во свое друштво: Не ни требаат уценувачи 

Брисел, 7 февруари 2024 (МИА) - За чешката конзервативна Граѓанска демократска партија (ОДС) е неприфатлива идејата за приклучување на партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан кон групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), објави на социјалните мрежи чешката европратеничка Вероника Врецонова. 

- Не ни треба некој што го уценуваше остатокот од ЕУ поради Украина, наведе Врецонова, која е координатор на ОДС, партија членка на ЕЦР. 

Реакцијата на Врецонова следи откако минатата недела Орбан за италијански медиуми изјави дека неговата Фидес – Унгарска граѓанска алијанса ќе се приклучи на групата ЕРЦ по изборите за Европскиот парламент во јуни годинава. 

- Фидес не и припаѓа на групата ЕЦР и за мене и за многумина од нас во групата таквата идеја не доаѓа предвид. Во групата не ни треба некој кој последните две години го уценува остатокот од ЕУ поради Украина. Орбан нема ништо заедничко со вредностите на ЕЦР, наведе Врецонова. 

Но, за разлика од ОДС, во моментов најголемата партија во рамките на ЕЦР, полската Право и правда (ПиС) изрази позитивен став кон можноста за приклучување на Фидес во групата. 

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Полјаците не треба да се плашат да одат на вториот круг од претседателските избори на 12 јули, бидејќи Ковид-19, според него, е болест „

Поранешниот полски премиер и еден од водечките личности во ПиС, Матеуш Моравјецки изјави дека се „отворени“ за приклучување на Фидес на ЕЦР. 

Засега е нејасна позицијата на втората по големина партија во групата, а која по јунските избори би можела да стане и најбројна политичка сила во ЕЦР, Браќа на Италија (ФДИ) на италијанската премиерка Џорџа Мелони. 

Партијата засега се нема изјаснето за идејата на Орбан, кон кого Мелони досега изразуваше позитивен однос. 

Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) е десна политичка групација што обединува национал-конзервативни, националистички и конзервативни партии со благо изразен евроскептицизам, кои се противат на посилна интеграција во рамките на ЕУ и на еврофедералистичките заложби. 

Фидес има слични ставови како и повеќето партии во ЕЦР, но за разлика од мнозинството од нив, кои се поддржувачи на европската воена, финансиска и политичка поддршка на Украина, партијата на Орбан и натаму одржува врски со Русија и изразува резерви кон поддршката на ЕУ за Киев. 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа во Брисел разговараше со неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти неговиот кабинет.

До март 2021 година Фидес беше членка на Европската народна партија (ЕПП) од која беше суспендирана поради, како што беше оценето „нелибералното и авторитарно“ владеење на партијата и непочитување на принципите на владеењето на правото, човековите права и слободата на медиумите во Унгарија.  

Во јули истата година Фидес беше една од потписничките на „Декларацијата за иднината на ЕУ“ заедно со уште 15-тина партии од редовите на ЕЦР и екстремно десничарската групација Идентитет и демократија (ИД), меѓу кои и францускиот Национален собир (РН) на Марин ле Пен, италијанската Лига на Матео Салвини, шпанската Вокс и ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД). 

Во Декларацијата се оценуваше дека ЕУ „наместо да ја штити Европа и нејзиното наследство, самата станува извор на проблеми и причина за вознемиреност“ и се предлагаше изградба на Унијата врз принципот на „соработката на европските народи базирана на традицијата, почитувањето на културата и историјата на европските држави, на европското јудео-христијанско наследство и на заедничките вредности што ги обединуваат нејзините народи“. 

Во пресрет на руската агресија врз Украина, Фидес во јануари 2022 година учествуваше на собир на европските екстремно десничарски партии од кој произлезе „Заедничка декларација за политиките кон ЕУ и Русија“, со која потписничките се обврзаа да работат „солидарно пред заканата од надворешна агресија“ и повикаа на „солидарност, решителност и одбранбена соработка меѓу европските народи пред ваквите закани“, но и на „мир, деескалација и преговори“ за надминување на украинската криза. 

Во ноември истата година, Фидес потпишаа договор за соработка во Европскиот парламент со францускиот Национален собир (РН), италијанската Лига и Партијата на слободата на Австрија (ФПО), кои се членки на ИД и со шпанската Вокс и Суверена Полска (СП) од редовите на ЕЦР. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан