• четврток, 26 декември 2024

Четири членки на ЕУ ќе го искористат ветрот на Северното Море за премин кон зелена енергија

Четири членки на ЕУ ќе го искористат ветрот на Северното Море за премин кон зелена енергија
Копенхаген, 19 мај 2022 (МИА) - Четири членки на Европската Унија планираат да ја забрзаат транзицијата кон зелена енергија и да помогнат во независноста од руските енергенти, преку нов голем проект за изградба на ветроелектрани во Северното Море, информираше данската премиерка Мете Фредериксен. Данска, заедно со Белгија, Холандија и со Германија, сака да го зголеми вкупниот капацитет на ветрот во морето, четирипати до 2030 и десетпати до 2050 година. Предвидено е со енергијата да се обезбедат 230 милиони европски домаќинства. - Ова значи дека четирите држави се во можност да испорачаат над половина од вкупните морски ветрови потребни за постигнување климатска неутралност во Европската Унија, додаде Фредериксен. Нејзиниот говор беше во Есбјерг, а присутни беа и германскиот канцелар Олаф Шолц, холандскиот премиер Марк Руте, белгискиот премиер Александар Де Кро, како и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. бд/

Остани поврзан