• среда, 27 ноември 2024

Четири малолетни лица пренесени на Токсикологија во тешка состојба, конзумирале алкохол и психотропни супстанци

Четири малолетни лица пренесени на Токсикологија во тешка состојба, конзумирале алкохол и психотропни супстанци

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Четири малолетни лица кои конзумирале алкохол и психотропни супстанци денеска се пренесени на Клиниката за токсикологија. Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев за МИА потврди дека малолетниците се на возраст од 14 до 17 години, и се примени со пореметена свест. 

Чибишев посочи дека малолетниците се примени на Одделот за интензивна нега и во моментот трае третманот и клиничките испитувања.

Како што рече, две деца се стабилизирани и се во подобрена општа состојба, а две се на дополнителни клинички испитувања.

-Малолетниците се примени во тешка здравствена состојба, на возраст од 14 до 17 години, две машки и две женски лица, со пореметена свест. Двете од деца се стабилизирани и се во подобрена општа состојба, а две се на дополнителни клинички испитувања, изјави Чибишев.

Во исто време и од МВР за МИА потврдија дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци.

-Денеска полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и при тоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци, потенцираат од МВР.

Како што појаснуваат, лицата веднаш биле пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со јавен обвинител, кој излегол на лице место, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Чибишев посочи дека за утре е можно да има подетални информации во врска со случајот. бт/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан