• среда, 02 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Четири лица, од кои две малолетни се лишени од слобода во Тетовско по пронајдена дрога и пиштол

Четири лица, од кои две малолетни се лишени од слобода во Тетовско по пронајдена дрога и пиштол

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово, вчера, во 17.30 часот, ги лишиле од слобода Н.С. (23) од с.Требош, Е.К. (21) од с.Палатица и две малолетни лица, соопшти МВР.

-Имено, по претходно добиени оперативни информации и преземени соодветни мерки и активности, лицата се лишени од слобода во с. Палатица, на место викано „Рон Скура“ во импровизирана колиба, каде препакувале марихуана за натамошна продажба. При тоа се пронајдени марихуана, пиштол и куршуми. При приведувањето, Е.К. нападнал полициски службеник, наведуваат од МВР.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство. вг/лв/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан