• среда, 20 ноември 2024

Четири жени ограбиле аптека во Сан Франциско и побегнале со украдените производи

Четири жени ограбиле аптека во Сан Франциско и побегнале со украдените производи
Сан Франциско, 30 јули 2021 (МИА) - Очевидец снимил група жени како бегаат од аптека во Сан Франциско со полни торби со наводно украдени производи. Мажот кој го снимил настанот им изјави на новинарите дека четири жени извршиле кражба, а кога ги прашал вработените во аптеката дали ќе повикаат полиција, тие само кренале раменици. - Ваквите работи станаа нормални, истакна очевидецот. Кражбите во продавници се во значаен пораст во големите американски градови, и поради тоа некои од нив морале да се затворат или да го ограничат работното време. Неколку инциденти досега се снимени во Калифорнија, а властите наведуваат дека крадците ја препродаваат стоката и на тој начин заработуваат. - Крадците не земаат една или две работи. Нашите истражувања покажуваат дека постојат организирани групи луѓе кои потоа заработуваат од украдените производи, изјави портпаролот на полицијата на Сан Франциско, Роберт Руека. Владините претставници почнаа да вложуваат напори за да ги спречат кражбите во малопрподажбата. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој се соочува со гласање за отповикување, минатата недела потпиша закон за создавање работни групи за борба против криминалот со цел да се реши проблемот со организираните кражби. гт/

Остани поврзан