• четврток, 26 декември 2024

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите 

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите 

Брисел, 26 април 2024 (МИА) - Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот. 

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство. 

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година. сп/

Фото: Луфтханза

Остани поврзан