• среда, 25 декември 2024

Четири града можни домаќини на преостанатите натпревари од кошаркарската лига на Германија

Четири града можни домаќини на преостанатите натпревари од кошаркарската лига на Германија
Берлин, 5 мај 2020 (МИА) - Германската кошаркарска лига (ББЛ) ги избра четирите града каде е можно да се доигра сезоната прекината поради пандемијата. Во случај на продолжување на сезоната, главен кандидат за домаќин на натпреварите е Минхен, а во опција се и градовите Бон, Франкфурт и Берлин. Претходно учесниците во врвната дивизија на германскиот шампионат се согласија да ја завршат сезоната 2019/20 со десет екипи, под услов здравствените власти да дозволат натпревари. зс/

Остани поврзан