• среда, 25 декември 2024

Четиринаесет загинати во судар меѓу автобус и камион во Мали

Четиринаесет загинати во судар меѓу автобус и камион во Мали

Бамако, 30 август 2024 (МИА) - Во судар на автобус и камион вчера во центарот на Мали загинаа 14 лица, а 29 се повредени, од кои девет се во тешка состојба, соопшти Министерството за транспорт.

Според Министерството, несреќата се случила околу 6 часот по локално време во општината Фана, при што е причинета голема материјална штета.

Автобусот сообраќал од Фана кон главниот град Бамако и се судрил со камион со приколка што возел од спротивен правец.

Сите настрадани се пренесени во Здравствениот дом во Фана. Отворена е истрага за утврдување на точните околности на оваа несреќа.

Сообраќајните несреќи се чести во Мали и генерално се предизвикани од лошите услови на патиштата и возилата и човечка грешка.

На крајот на јули загинаа 16 лица во судир на два автобуса во центарот на Мали. паг/

Фото: Фејсбук

 

Остани поврзан