• недела, 06 октомври 2024

Четиринаесет загинати во руски ракетен напад врз украински супермаркет

Четиринаесет загинати во руски ракетен напад врз украински супермаркет

Киев, 9 август 2024 (МИА) - По ненадејниот копнен напад на Украина во јужна Русија оваа недела, најмалку 14 лица загинаа денеска во руски ракетен напад врз супермаркет во источниот украински регион Донбас.

Властите соопштија дека околу 40 лица биле повредени во нападот во текот на денот во градот Костијантинивка, кој се наоѓа на нешто повеќе од 10 километри од линијата на фронтот меѓу украинските и руските војници, пренесе ДПА.

-Удар на руски терористи врз обичен супермаркет и пошта. Луѓето се под урнатините, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм.

Спасувачките операции се во тек, рече Зеленски, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите. мс/

фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан