• среда, 25 декември 2024

Четиринаесетто издание на семинарот за албанологија на Универзитетот во Тетово

Четиринаесетто издание на семинарот за албанологија на Универзитетот во Тетово
Тетово, 25 ноември 2020 (МИА)-Традиционалниот семинар за албанологија, кој го организира Универзитетот во Тетово, годинешното 14-то издание го одржа онлајн поради пандемијата. Оваа година семинарот е насловен „Предизвиците на (не) имплементацијата на законот за јазиците во Северна Македонија и грешките во употребата на стандардниот албански јазик. -Темата за имплементацијата на законот за јазици е исклучително актуелен, но и многу сложен. Со усвојувањето на овој закон, се претпоставува дека најголемиот дел од спроведувањето на јазиците ќе биде завршен. Сепак, она што е од интерес и причината за оваа средба е анализа на бариерите за спроведување на Законот за употреба на јазиците во Република Северна Македонија и колку стандардниот албански јазик се почитува во нашите образовни, научни, културни, административни институции и така натаму. Надлежните органи, соодветно експертите по ова прашање нагласуваат дека Законот за употреба на јазиците има одредено хоризонтално проширување, како и вертикална димензија, изјави проректорот за меѓународна соработка на УТ проф. д-р Шефик Шеху. За разлика од минатите години кога семинарот се одржуваше по неколку дена, овој пат траеше само еден ден. - Новата нормалност не принуди на една тема и една сесија, а со цел да се зачува континуитетот, традицијата и да остане надеж дека во следните години ќе се вратиме на концептот на семинарот со сите сесии: литература, лингвистика, историја, етнокултура и медиуми, рече директорот на семинарот Салајдин Салиу. Онлајн-семинарот го водеа деканот на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Бертон Сулејмани, и раководителот на студиската програма Албански јазик и литература, проф. д-р Емине Шабани. ас/ир

Остани поврзан