• четврток, 28 ноември 2024

Четириесет и три новопријавени кандидати денеска се тестирани за претстојниот попис во Кичево

Четириесет и три новопријавени кандидати денеска се тестирани за претстојниот попис во Кичево
Кичево, 27 август 2021 (МИА) -   Од пријавените 68 кандидати за реонски попишувачи во Општина Кичево кои се јавија во дополнителниот рок, на денешното тестирање се пријавиле 43. -Во дополнителниот рок, 25 август, во нашата општина имавме 68 новопријавени кандидати за реонски попишувачи. Од оваа бројка 43 кандидати се јавија на денешното тестирање додека 25, од за нас непознати причини не се јавија на тестирањето. Со претходно тестираните 40 и денешните 43 кандидати, имаме вкупно 83 кандидати кои од недела до вторник ќе ја поминат тридневната обука за реонски попишувачи, а за целосно пополнивање на бројката од 128 реонски попишувачи недостасуваат уште 45 кандидати,  изјави за МИА Јованчо Сапунџиоски, републички инструктор. Нагласи дека од утре ќе се стапи во контакт со сите кои се пријавиле за реонски попишувачи, а не се јавиле на тестирање. -За да дојдеме до неопходната бројка од 128 реонски попишувачи имаме дефицит од 45 кандидати и од утре ќе ги контактираме оние лица кои се пријавија за попис, а не се одзваа на тестот, за да не информираат дали се заинтересирани да се вклучат во претстојниот попис на население, домаќинства и станови. Ова го велам и од причина што можеби добар дел од овие кандидати биле на годишен одмор или биле на работа надвор од земјава и не биле во можност да се јават на тестот, додаде Сапунџиоски. Заклучи дека во случај да не се добие потребната бројка на попишувачи ќе бидат ангажирани лица од јавна администрација кои се вработени со договор на дело. за/свс/

Остани поврзан