• среда, 25 декември 2024

Четириесет и седма Струшка музичка есен

Четириесет и седма Струшка музичка есен

Струга, 9 септември 2023 (МИА) - Со наслов „Македонското музичко творештво и постмодерната“ од 8 до 10 септември во Струга се одржува 47. издание на Струшка музичка есен, во организација на Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ.

- Манифестацијата која речиси пет децении се реализира на струшкото крајбрежје, нуди можност музиколозите, музичките и балетските педагози, музичките теоретичари, музичките медиависти, етномузиколозите заеднички да ги разгледаат прашањата и темите од нивните потесни научни области и да ги презентираат пред своите колеги и стручната јавност, соопшти организаторот.

Во рамките на дводневната конференциска програма, како што е наведено, ќе бидат претставени девет научни реферати, поделени во секции според тематиката која ја обработуваат, од страна на истакнати македонски истражувачи, музиколози, етномузиколози и византолози. Рефератите третираат различни аспекти и состојби на македонското музичко творештво и музичката култура во контекст на историјата и на постмодерната, но обработувват и теми од областа на фолклорот, музичката анализа и византиската музика.

„Струшка музичка есен“, според СОКОМ, е единствената платформа на годишно ниво во државата, која ги третира сите прашања поврзани со науката, теоријата и праксата во македонското музичко творештво и македонската музичка култура. сс/дма/

Фото: СОКОМ

Остани поврзан