• среда, 25 декември 2024

Четириесет деца од Крива Паланка од социјален ризик заминаа на бесплатен летен одмор

Четириесет деца од Крива Паланка од социјален ризик заминаа на бесплатен летен одмор

Крива Паланка, 1 август 2024 (МИА) – Со финансии од Буџетот на Општина Крива Паланка утрово група ученици од второ до деветто одделение од семејства во социјален ризик, заминаа на бесплатен летен одмор во детското одморалиште „Радости“, Охрид. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ги испрати дечињата и им посака убава дружба и незаборавни летни денови.

- За детска среќа и безгрижни летни денови, со новата мерка од Програмата за социјална, детска и здравствена заштита 2024, за првпат овозможивме бесплатен летен одмор за дечињата во социјален ризик од нашиот град.

Утрово групата ученици од основните училишта во градот тргна на еднонеделен одмор во Охрид што ќе опфати шест полни пансиони и забавно-едукативни активности во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата. Им посакав среќен пат, убаво и незаборавно летно уживање. Секое дете заслужува радост, а детската среќа нема цена, рече Митовски.

Пријавувањето на дечињата се изврши преку јавен повик кој траеше до јуни, беше наменет за сите деца од 7 до 14 години, ученици од второ до деветто одделение во ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“ од семејства корисници на гарантирана минимална парична помош, социјална помош, од семејства на самохран родители и деца без родители и родителска грижа. ид/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан