• среда, 25 декември 2024

Четириесет години игра и песна со КУД 7-ми Септември, јубилеен концерт утре во Македонски Брод

Четириесет години игра и песна со КУД 7-ми Септември, јубилеен концерт утре во Македонски Брод

Кичево, 6 септември 2021 (МИА) - По повод 40 години од формирањето на КУД 7-ми Септември од Македонски Брод, утре ќе има организирано концерт на игри и песни, ќе биде отворена  изложба на фотографии, а ќе се презентира и традиционалниот обичај „Каленчица“. Пред почетокот на  јубилејниот концерт, за историјатот на друштвото ќе говорат директорката на Домот на културата, Милена Стојческа и градоначалникот Живко Сиљаноски.

-Јубилејот 40 години постоење на КУД  7-ми Септември ќе биде одбележан со концертот под работен наслов „Четириесет години игра и песна со КУД 7 –ми Септември“ што ќе започне утре во 11 часот, а ќе бидат изведени повеќе сплетови ора,соло и дуо изведби, како и орекстарски изведби, информира Милена Стојческа, директорка на Домот на културата во Македонски Брод.

Како што посочи, од сплетовите ќе бидат претставени Поречки игри, Бувчанско оро, Орска изведба на Македонско девојче, ќе биде презентиран обичајот Еремија, Белчишко оро, сплетот Посеље а како солисти свои со нумери ќе се претстават Јана Јорданоски, Боби Настоски, дуетот Ивана Ацкоска и Симона Матеска, Маре Мојсоска - Георгиеска, Анастасија Ѓореска, а концертот ќе го заокружи со своја изведба ансамблот со Оркестарското оро.

Во холот на Домот на културата ќе биде претставена изложба на фотографии на полскиот етнолог и научник Јожеф Обремски, кој во периодот 1932-1933 година престојувал во повеќе села во Поречијата и се запознал со обичаите на овие простори, и од тој период произлегуваат овие фотографии кои ќе бидат претставени на претстојната изложба.за/бт/

Остани поврзан