• сабота, 23 ноември 2024

„Чет-ГПТ“ отсега и на „Андроид“

„Чет-ГПТ“ отсега и на „Андроид“

Лос Анџелес, 26 јули 2023 (МИА) - Компанијата „Опен-АИ“, како што најави, ја пушти „Чет-ГПТ“ апликацијата и за „Андроид“. Исто како и верзијата за „ИОС“, и новата програма им нуди на корисниците можност „да разговараат“ со генеративната вештачка интелигенција (ГВИ, АГИ) и да добиваат одговори.

Корисникот може да користи гласовни команди користејќи го системот за препознавање глас, да ја синхронизира историјата на разговор на сите уреди и да споделува податоци. Претплатниците на „Чет-ГПТ плус“ можат да избираат помеѓу стандардните јазични модели „ГПТ-3.5“ и „ГПТ-4“, и без оглед на изборот, потребен е најмалку „Андроид 6.0“ за користење на апликацијата.

„Опен-АИ“ помогна во популаризирањето на ГВИ, но исто така, предизвика и отпор во стопанското општество и привлече политичко внимание. Познавачите се загрижени дека технологиите како оваа би можеле да преземат и да поттикнат дезинформации, како и други штети. Самата „Опен-АИ“, пак, се надева дека ќе ги ублажи опасностите и стравувањата.

Американските глумци и сценаристи штрајкуваат делумно и поради загриженоста дека студијата би можеле да користат ВИ за да ги намалат нивните плати. Политичарите бараат одговорен развој и можна регулација.  си/

Фото: Интернет-страницата на „Опен-АИ“, фотоисечок.

Остани поврзан