• четврток, 26 декември 2024

Четвртоодделенци од ООУ Илинден, Крива Паланка дел од „Магична мрежа на пријателство“

Четвртоодделенци од ООУ Илинден, Крива Паланка дел од „Магична мрежа на пријателство“

Крива Паланка, 21 јануари 2023 (МИА) – Учениците од четврто одделение од основното општинско училиште „Илинден“, Крива Паланка, од паралелката на наставничката Живка Стоилковска петта година по ред се дел од интернационалниот проект „Магична мрежа на пријателство“ што го основа наставничката од Србија, Жељана Радојчич Лукиќ, финалистка на Глобалната награда за наставници ( Global teacher prize), 2018 година.

-Веќе петта година заедно со моите ученици сум дел од овој проект. Пет години, пет кругови, пет теми со кои ширум светот на англиски јазик или на свој мајчин јазик работеа 65000 ученици, од 2350 училишта од 70 земји. Главната цел на проектот е зајакнување на учениците и наставниците во сферата на интеркултуралноста, преку глобално вмрежување, потенцирање н врсничкото учење за другите народи, нивните земји и култури и постигнување на четвртата цел на седумнаесет развојни цели на ОН. Проектот е основан во 2018 година и опфаќа седум модули од кои досега, успено, со моите еученици, завршивме пет: јазици во светот, религии и култури на народите во светот, рушење стереотипи и предрасуди, дигиталниот предизвик за време на пандемијата и оваа учебна година, калеидоскоп на доблести, информира наставничката Стоилковска.

Стоилковска е професионалец и наставник во ООУ “Илинден” со долгогодишно искуство. Таа  ја истакна важноста на можностите учениците преку најразлични проектот да имаат отворен прозорец кон светото, што секако, како што рече, се добива пркеу учењето.

-Успешно го завршивме петтиот модул, кој беше насочен кон враќањето на доблестите во мода: љубопитност, самодоверба, одговорност, доверба, оригиналност, креативност, снаодливост, упорност, одлучност. Преку овој проект децата и наставниците учат едни за други, но и учествуваат во конкретни цели преку четирите столбови на образованието дефинирани од Меѓународната комисија за образование на 21 век: учам да знам, учам да работам, учам да живеам заедно со другите и учам да бидам развиена личност, додава Стоилковска која рече дека е горда на нејзините ученици од 4-3 одделение за одговорноста кон зададените задачи и нивното успешно завршување.

Упати благодарност до сите колеги кои учествуваат во проектот, за новите пријателства и соработката. ид/сст/

Остани поврзан