• среда, 18 декември 2024

Тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет

Тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет

Скопје, 12 декември 2024 (МИА) - Во организација на Министерството за правда денеска во Основниот суд Гостивар ќе се одржи тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија заради адресирање на препораките од Оценската мисија за Судскиот совет.

Целта на настанот е поттикнување стручна расправа за содржината на нацрт измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, подготвени од страна на работна група во рамки на Министерството за правда.

Тркалезната маса е третата од неколкуте настани за консултации кои Министерството за правда ги организира, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе придонесе кон унапредување на законската рамка која го уредува работењето на Судскиот совет.

- Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основ за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на Законот за судскиот совет, најави Министерството за правда 

Настанот е во соработка и со поддршка од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото.лв/нд/

фото: МИА архива 

Остани поврзан