Претставување на кумот и здравичарот за Бадник во Скопје
- Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2025.
Скопје, 12 декември 2024 (МИА) - Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2025.
Промоцијата ќе се одржи во салата за состаноци на Советот на Општина Центар во 11 часот.
- Таа ќе биде и убава можност за дружење и запознавање со членовите на Одборот, кои ги прават завршните подготовки за 33-та средба на 6-ти јануари 2025 година на платото пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски. Поканети се и кумови и здравичари од изминатите манифестации, што наидоа на општа симпатија и одобрување кај скопјани, како и долгогодишни спонзори и симпатизери на традиционалното скопско Бадникување, информира Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје.лв/нд
фото: МИА архива