• понеделник, 23 февруари 2026

Четврта куп титула за кошаркарките на Баскет кам

Четврта куп титула за кошаркарките на Баскет кам

 

Македонска Каменица, 22 февруари 2026 (МИА) – Кошаркарките на Баскет кам го освоија трофејот во Купот „Благоја Георгиевски -Буштур“, откако вечерав во финалето го совладаа дебитантот Крива Паланка со 74 – 68.

Домаќинот на завршниот турнир кој се одржа во Македонска Каменица од самиот почеток го контролираше резултатот и заслужено дојде до својата четврта куп титула во клупската историја.

Најефикасна во редовите на Баскет кам беше Ивана Кметовска со 24 поени, додека Димова и Поп-Димитровска уфрлија по 16 кошеви.

Диани Робинсон со 30 поени беше најефикасна во редовите на Крива Паланка. ег

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан