• недела, 24 ноември 2024

Четврта генерација практиканти според дуално стручно образование во Дрекслмаер Кавадарци 

Четврта генерација практиканти според дуално стручно образование во Дрекслмаер Кавадарци 
Кавадарци, 13 септември 2022 (МИА) - Германската фабрика Дрекслмаер во Кавадарци денеска информираше дека ја претставуваат четвртата генерација практиканти кои посетуваа настава според дуално стручно образование. Оттаму соопштија дека дел од учениците, со потпишувањето на своите први договори за вработување, веќе станале дел од компанијата. Дел од практикантите, пак, го продолжуваат своето образование на некој од техничките факултети. На практикантите им честитал генералниот менаџер, Лукас Мирингер.
Од фабриката потсетија дека практичната настава се одвива во специјализиранта училница во рамки на фабриката.
-Практикантите работат под менторство на квалификувани тренери кои континуирано го дополнуваат своето знаење и компетенции преку посета на бројни обуки и тренинзи во странство, нагласија од компанијата.
Оттаму додадоа дека Дрекслмаер е лидер во земјата во спроведувањето на моделот на дуално образование според германски стандарди.
-Компанијата, следејќи ја својата долгорочна стратегија за поддршка на младите луѓе и образованието, ќе продолжи и понатаму да дава свој придонес, во насока на создавање високостручни и компетентни кадри кои се барани на пазарот на трудот, нагласија од германската фабрика во Кавадарци. свд/дма/

Остани поврзан