• вторник, 12 ноември 2024

Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген

Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген

Њујорк, 3 ноември 2024 (МИА) - Најмалку четири лица загинаа, а 17 се повредени во верижен судар на автопатот 96 во американската сојузна држава Мичиген, соопшти полицијата.

Сударот се случил во близина на градот Вебервил, кога комбе налетало на колона од десетина возила во југоисточниот дел на Мичиген. Возилата биле запрени поради привремен застој на сообраќајот, предизвикан од работи на далеководите.

Возачот на комбе, судејќи по сè, не ги забележал застанатите возила и не можел навреме да запре, посочува полицијата на Мичиген.

По сударот, сите возила се запалиле, а четири лица загинале, додека 17 повредени се пренесени во блиски болници. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан