• вторник, 24 декември 2024

Четворица млади македонски тренери на едукација во Турција

Четворица млади македонски тренери на едукација во Турција

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Како дел од мултинационалниот проект на Светската кошаркарска асоцијација (ФИБА) во кој се вклучени и пет национални федерации, „Развој на млади играчи до 13 години и млади тренери“, четири македонски тренери, на покана на турската кошаркарска федерација во наредните неколку дена ќе поминат една специфична тренерска „мини-обука“, објави Кошаркарската федерација на Северна Македонија.

Станува збор за ​​​​​​​Сања Адамовска, Катерина Поп Димитровска, Денис Селими и Иле Стамболџиев кои ќе собираат тренерско искуство во Истанбул.

За време на оваа своевидна тренерска обука, младите тренери ќе имаат прилика да се запознаат со работата на некои од турските кошаркарски великани, како во оние младински така и во оној сениорски сегмент на функционирањето.

Предвидено е да се запознаат и со функционирањето на новиот спортски, односно кошаркарски комплекс и новото седиште на тамошната федерација, но и оние тренинг-кампуси на клубовите кои функционираат на географското подрачје како што е  Истанбул, што несомнено ќе биде од голема корист за македонските тренери во процесот на надградба на тренерските знаења и вештини. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан