• понеделник, 30 декември 2024

Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос

Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос

Атина, 6 ноември 2024 (МИА) – Безживотните тела на тројца мажи и една жена биле извлечени од морскиот дел во близина на грчкиот остров Родос, додека пак на копно биле откриени 25 бегалци и мигранти кои се во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека, според сведоштвата на преживеаните, , доцна синоќа криумчарот што ги пренесувал ги натерал да го напуштат чамецот додека сè уште биле далеку од копното, по што побегнал.

Бегалците и мигрантите биле оставени во море, 25 од нив успеале безбедно да стигнат на копно, додека пак четворица се удавиле.

Преживеаните преку бројот 112 за итни случаи ги информирале властите и биле префрлени во главниот град на Родос, а крајбрежната служба ги извлекла безживотните тела на тројцата мажи и жената. ср/рп/

Остани поврзан