• четврток, 26 декември 2024

Четворица македонски пингпонгари учествуваат на ЕП за млади во Полска

Четворица македонски пингпонгари учествуваат на ЕП за млади во Полска

Гливице, 17 јули 2023 (МИА) – Во полскиот град Гливице се одржува Европското првенство за млади пингпонгари на кое ќе настапат и четворица македонски натпреварувачи.

 

- Со 4 млади пинг понгари/ки Македонија ќе се претстави на Европското првенство за млади во Гливице, Полска.  Државата ќе ја претставуваат Нико Доага, Софија Хасану, Фани Јованоска и Александар Јакимовски кои ќе се натпреваруваат во поединечна категорија. Нашите претставници својот настап го започнуваат денес, соопштија од Пинг понгарска федерација на Северна Македонија.

 

Првенството почна на 14 јули и ќе трае до 23 јули. зс/

 

 

Остани поврзан