• сабота, 23 ноември 2024

Четворица астронаути полетаа кон МВС

Четворица астронаути полетаа кон МВС
Хјустон, 11 ноември 2021 (МИА) - НАСА и „Спејс-Икс“ испратија четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица (МВС) во земјината Орбита, каде што треба да пристигнат утре. Астронаутите од екипажот „Кру-3“ - Раџа Чари, Кајла Барон и Том Маршбурн од САД, и Матијас Маурер од Германија полетаа со капсула „Кру драгон“ прикачена на ракета „Фалкон 9“ синоќа во 21:03 часот по локално време од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида. Мисијата е дел од партнерството на НАСА со „Спејс-Икс“ на Илон Маск, чија цел е да се обнови капацитетот на САД за вселенски летови со луѓе. Летот првично беше закажан за 31 октомври, но беше одложен, прво поради временските услови, а потоа и поради „ситни медицински проблеми“ поврзани со посадата. НАСА соопшти дека овие причини немаат врска со Ковид-19. Астронаутите ќе минат шест месеци на МВС и ќе спроведат различни истражувања кои треба да дадат потребни податоци за идните истражувања на подалечното вселенско пространство.  си/сд/

Остани поврзан