• вторник, 12 ноември 2024

Честит 1 мај, СДСМ останува на страната на работниците

Честит 1 мај, СДСМ останува на страната на работниците

Скопје, 1 мај 2024

Нека е честит 1 мај – Меѓународниот ден на трудот.

СДСМ како партија која се води од социјална правда, еднаквост и солидарност како социјалдемократски вредности, секогаш е на страната на работниците.

Со низа мерки и политики СДСМ ги унапредува работничките права, бидејќи напредокот се обезбедува со вреднувани, мотивирани и почитувани, работници.

Откако заврши режимот на Груевски, кој ја рекламираше Македонија како земја со евтина работна сила, СДСМ работеше посветено на враќање на достоинството на работниците, значително ги зголеми платите во сите сектори.

Минималната плата од 8.000 денари, а во некои сектори и помалку, сега е покачена на 22.500 денари и ќе продолжи да расте.

Просечната плата достигна историски највисоко ниво од речиси 40.000 денари. Зголемена е за 50% во однос на 2016 година.

СДСМ предвреме го исполни ветувањето за просечна плата од 500 евра, а за наредниот мандат гарантира европски животен стандард, просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра.

Исто така исполнето е и ветувањето за недела – неработен ден, ден за одмор со семејствата, а за оние што ќе работат обезбедена е двојно поголема дневница.

Со антикризните мерки за време на здравствената и економската криза, СДСМ спаси илјадници работни места.

Во СДСМ работниците имаат искрен партнер и сојузник во залагањата за заштита и унапредување на работничките права, за повисоки плати.

Со СДСМ работниците никогаш нема да биде оставени сами.

Нека ни е честит Денот на трудот!

 


Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан