• недела, 24 ноември 2024

Честитки по повод Новата година од МАЕИ, МД „Илинден“ и градоначалникот Колефски

Честитки по повод Новата година од МАЕИ, МД „Илинден“ и градоначалникот Колефски

Тирана, 1 јануари 2024 (МИА) - Честитка по повод Новата 2024 година до сите Македонци, граѓани на Албанија, упатија единствената македонска партија во ова земја, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Македонското друштво „Илинден“-Тирана и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски.

-Годината што е зад нас, несомнено беше доказ за нашата издржливост и солидарност. Заедно, се соочивме со бројни предизвици, но сепак стоевме непоколебливи во нашиот дух и посветеност на македонската заедница и наследство. Новата година нека биде светилник на надеж и доказ за нашата издржлива сила. Нека биде исполнета со здравје, среќа и континуиран успех за македонската заедница и за сите граѓани на Албанија. Среќна Нова 2024 година, стои во честитката на МАЕИ, потпишана од претседателот Васил Стерјовски.

Честитка за среќна Нова година упатија и претседателот на македонското друштво „Илинден“- Тирана, Никола Ѓурѓај и огранокот за Голо Брдо, Фатри Фетаху.

- Новата 2024 нека ви биде исполнета со многу здравје, радост, успеси и незаборавни моменти на среќа. Посакуваме подобра и помирна година насекаде, хуманоста и разбирањето да надвладеат во светот. Среќна Нова 2024, стои меѓу другото во честитката.

Од свое име и од име на Советот на општината и општинската администрација, среќна Нова 2024 година, посака градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, со желби пред сè за добро здравје, радост, успех, благостостојба, меѓусебно разбирање и напредок на секој план и додава „нека новата година ви донесе топлина, љубов и светлина за да го води вашиот пат до позитивна дестинација“. вт/мч/

Остани поврзан