• среда, 08 јануари 2025

Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод Божиќ

Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод Божиќ

Скопје, 7 јануари 2025

Претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква -Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, до свештенослужителите, монаштвото и верните христијански чеда по повод големиот празник раѓањето Христово-Божиќ.

Со Божиќното празнување се навраќаме на историскиот настан кога Синот Божји стана и Син Човечки за да го покаже патот до вистината која носи надеж за живот.
Божјото поистоветување со луѓето преку Исус Христос ја претставува и најсилната потврда на вроденото човеково достоинство и внатрешните вредности на секој човек.
Оттаму, ние сме обврзани љубовта кон Бог и посветеноста во нашата вера да ја искажеме преку почитувањето на нашите ближни, нашите семејства, нашите соседи, нашите сонародници и сите наши сограѓани.
Затоа повеќе од кога и да било порано во Македонија ни е потребно одново да ја откриеме таа почит.

Овој Божиќ е уште една можност за да си простиме, да се помириме и да се сплотиме околу трајните вредности. Ова е можност да градиме човечно, солидарно и праведно општество во кое ќе владеат праведни закони.
Ова е денот кога ќе можеме да си ја повратиме нашата самодоверба, нашето достоинство и гордост што ќе ни помогне повторно да чекориме во изградба на државата и во сочувување на нацијата.

Ваше Блаженство, честитајќи Ви го големиот христијански празник, Ви посакувам добро здравје.

На сите граѓани кои го прославуваат празникот им посакувам заедно и со отворени срца да ја прославиме радосната вест за Христовото раѓање.

Христос се роди!

Социјалистичка партија на Македонија

_________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан