• четврток, 26 декември 2024

Пендаровски го честита празникот Успение на Пресвета Богородица

Пендаровски го честита празникот Успение на Пресвета Богородица

Скопје, 28 август 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед во државава.

-Дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица. Чествувајќи го еден од најблагородните и највозвишените празници, Успение на Пресвета Богородица, преку кој се испраќаат суштински пораки од искона па сѐ до нашето совремие, важно е да се потсетиме дека Пресвета Богородица, Божјата мајка е парадигма за сето она по кое што безмерно трага современиот човек: сострадалност, грижа, храброст, стоичност, емпатија, љубов, наведува Пендаровски во честитката.

Овој голем празник, посочува претседателот, исто така ни покажува и дека секое искушение треба да го понесеме заеднички и поединечно во смирение.

-Честитајќи го празникот Успение на Пресвета Богородица посакувам да се потсетиме дека само со љубов и храброст какви што ги гледаме во ликот на Божјата мајка, може да чекориме низ животот. За многу години празникот, истакнува претседателот пендаровски.лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан