• четврток, 26 декември 2024

Честитка од претседателот на Собранието Џафери по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот на Собранието Џафери по повод Меѓународниот ден на Бошњаците
Скопје, 28 септември 2021 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери лично и од име на пратениците упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија, по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. Тој им посака денов да го поминат во добро здравје и расположение, во кругот на нивните најмили, со максимално почитување на здравствените протоколи. - Бошњачката заедница во Република Северна Македонија е неделив дел од ткивото на нашата заедничка држава во која секој придонес, било индивидуален или колективен е значаен придонес во насока на развојот и просперитет на државата. Нашите различности и особености, како јазикот, традицијата, културата, обичаите не прават посебни и нивната промоција, нивното негување, почитување и заедничко празнување го збогатува општествениот живот на државата и го разубавува секојдневието на нашите граѓани. Заедничкото празнување на празниците значи и меѓусебното запознавање и взаемно почитување, и тоа е единствениот начин и најдобра формула за градење на успешна приказна за Република Северна Македонија, се вели во честитката упатена од Џафери. Заедно, порачува, да изградиме напредна, безбедна, стабилна држава, држава со европски вредности и стандарди на почитување на човековите права, слободи и различности, држава на која ќе бидат горди поколенијата што доаѓаат после нас. цр/лв/

Остани поврзан