Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод празникот Свети Климент Охридски
- Толкувањата на Св. Климент „гладен да нахраниш, жеден да напоиш, патник да прибереш и гол да облечеш, чест на презвитери да направиш...“ и денес длабоко се врежани во секој наш ден, постапка и стремеж да чиниме добрина, вели Гаши во честитката.
Скопје, 8 декември 2024 (МИА) - Претседател на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши во име на пратениците и во негово лично име упати честитка по повод големиот празник „Св. Климент Охридски", патрон на Mакедонската Православна Црква, прв словенски епископ, духовник, просветител и учител.
- Толкувањата на Св. Климент „гладен да нахраниш, жеден да напоиш, патник да прибереш и гол да облечеш, чест на презвитери да направиш...“ и денес длабоко се врежани во секој наш ден, постапка и стремеж да чиниме добрина. На овој голем празник да се навратиме на суштината, на темелите на човештвото и да ја шириме добрината, обединето да чекориме кон вредностите за кои беседел Свети Климент, напиша Гаши во честитката. дма/
Фото: МИА архива