• петок, 27 декември 2024

Честитка од премиерот Џафери по повод католички Велигден: Охрабрување дека вреди секој чекор по исправниот пат

Честитка од премиерот Џафери по повод католички Велигден: Охрабрување дека вреди секој чекор по исправниот пат

Скопје, 31 март 2024 (МИА) - Премиерот Талат Џафери, во име на Владата и во свое име упати телеграма со честитки до Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, до свештенството и монаштвото на Католичката црква во Република Македонија, до граѓаните од католичка вероисповед и до сите граѓани кои денеска го празнуваат Воскресението Христово – Велигден.

-Велигден ја слави победата на животот над смртта. Како и сите големи празници, и Велигден е извор на духовна сила на луѓето за надминување на предизвиците кои ги носи животот со трпение и мудрост. Тоа е и мотив за вербата дека личното добро и благосостојбата се можни само како дел од заедничкото добро и благосостојба. Убеден сум дека празничниот дух Ве охрабрува и Вас во Вашата благородна мисија на водење на припадниците на католичката вероисповед во секој нивни чекор по исправниот пат на меѓусебно почитување и разбирање, по којшто, уверен сум дека заедно продолжуваме и во иднина, стои во честитката.

Во честиката се нагласува и важноста на мирот просперитетот и солидарноста меѓу граѓаните.

-Монсињор Стојанов, лично, Ви посакувам добро здравје, спокој и среќа меѓу блиските, а на општествено ниво, мудрост, волја и енергија за ширење на пораки на мир, просперитет и солидарност меѓу нашите граѓани, во нашата држава, но и насекаде во светот. Имајте празнични денови во мир и благодат, честит Велигден!“, напиша премиерот Џафери, во честитката до бискупот Киро Стојанов. вг/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан