• четврток, 26 декември 2024

Честитка од Мицкоски по повод празникот Успение на Пресвета Богородица и Денот на рударите

Честитка од Мицкоски по повод празникот Успение на Пресвета Богородица и Денот на рударите
Скопје, 28 август 2022 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во негово лично име и во име на членовите на партијата  упати честитка до сите православни христијани по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. -Со празнувањето на овој голем ден покажуваме почит кон делото на мајката Божја кое низ вековите е длабоко вкоренето во нашата традиција и култура и токму тоа е она што ни дава духовна сила и не води кон патот на радоста. Секоја борба е трнлив пат, испреплетен со неправди и предизвици, но истрајноста и посветеноста на тој пат секогаш води до успех. Да научиме борбата за подобра иднина да ја водиме со сплотеност и истрајност, затоа што тоа е единствениот правилен пат, стои во честитката по повод Голема Богородица. Воедно, Мицкоски го честита и денот на македонските рудари оние кои со мака, труд и посветеност заработуваат за своите семејства и својата иднина. -Посакувам во овие тешки мигови за нашата држава да имате работа, да ве следи добро здравје и да сте задоволни од сработеното и заработеното. Знам дека многумина од вас чувствуваат несигурност во услови кога владее криза, а власта поради својата неспособност само истата ја продлабочува. ВМРО-ДПМНЕ ја разбира маката и сочувствува со секој еден граѓанин кој се соочува со тешката реалност, згазено достоинство, неправда, но заедно ќе ги надминеме овие премрежија со кои се соочуваме. Македонија е нашиот заеднички дом кој сите без разлика на етничката и верска определба мораме да го чуваме и да го градиме, спротивставувајќи се на криминалот и корупцијата кои го разјадуваат и уништуваат. Нека е за многу години празникот, стои во честитката од Мицкоски. вг/

Остани поврзан