• четврток, 26 декември 2024

Честитка од министерот Шаќири по повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители

Честитка од министерот Шаќири по повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители

Скопје, 24 мај 2023 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители – Светите браќа Кирил и Методиј, упати честитка до сите граѓани на Република Северна Македонија кои го почитуваат и празнуваат нивниот лик и дело.

-Светите браќа имале непроценливо влијание врз описменувањето на словенските народи и со тоа придонеле за нивно културно и духовно просветлување и развој. Нивната мисија трае и ден денеска, и ќе продолжи да трае, затоа што на истата се обврзуваат нови поколенија кои ги промовираат и шират вистинските вредности на едукацијата, културата и традицијата, како основи за мирен и поквалитетен живот. Слава им на големите мислители и дејци, Светите Кирил и Методиј!, стои во честитката од министерот за образование и наука Шаќири. вг/цр/

Остани поврзан