• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Честитка од министерот Минчев по повод Меѓународниот ден на Ромите

Честитка од министерот Минчев по повод Меѓународниот ден на Ромите

Скопје, 8 април 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 8 април - Меѓународниот ден на Ромите упати честитка до ромската заедница во државата.

-Денес, 8 април, на Меѓународниот ден на Ромите, со почит и благодарност ја одбележуваме истрајноста и посветеноста на ромската заедница во напорите за остварување на правдата, еднаквоста и социјалната инклузија. Овој ден е важен потсетник за потребата од континуирани и заеднички напори во борбата против дискриминацијата, социјалната исклученост и предрасудите, се наведува во честитката.

Воедно, се изразува посветеност за креирање инклузивна, праведна и транспарентна јавна 

-Министерството за јавна администрација останува целосно посветено на создавање инклузивна, праведна и транспарентна јавна служба, која ќе обезбеди правичен пристап до квалитетни јавни услуги за сите граѓани, во согласност со принципите на демократско општество. Среќен Меѓународен ден на Ромите, стои во честитката од министерот Горан Минчев. вг/дма/

Фото: Кабинет на министерот за јавна администрација

Остани поврзан