Честитка од МД „Илинден“ Тирана по повод празникот Свети Климент Охридски
- По повод големиот христијански празник Свети Климент Охридски, македонското друштво „Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниjана Прима, господин, господин Стефан и до сите Македонци каде и да се.
Тирана, 8 декември 2024 (МИА) - По повод големиот христијански празник Свети Климент Охридски, македонското друштво „Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниjана Прима, господин, господин Стефан и до сите Македонци каде и да се.
Честитки по повод денот посветен на патронот на МПЦ-ОА упатува и до членовите на Светиот архијерејски синод, преподобното монаштво и свештенство.
-Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод денешниот голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ дека љубовта се мери според жртвата. Свети Климент, и денес не повикува сите кон неговиот чист и достоен пат, со неговиот безвременски императив: „Тргај се од злото и прави добро“, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај
Се додава дека огромна е почитта кон Свети Климент Охридски, кој остави не само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение и солидарност. вт/дма/
Фото:Лого