• петок, 27 декември 2024

Честитка од МД „Илинден“ - Тирана по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Честитка од МД „Илинден“ - Тирана по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
Тирана, 21 февруари 2021 (МИА) - Македонското друштво „Илинден“ - Тирана по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, упати честитка до припадниците на македонскато национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот. -Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонскато национално малцинство во Република Албанија. Негувањето на мајчинот македонски јазик значи  јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите национални, културни и верски традиции, стои во честитката. Се нагласува и значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи, како што стои, тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. -Македонците во Албанија ги има во четири етнички области: Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови – Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос. Бројноста на Македонците во Албанија е над 120.000 според проценка на македонските организации во земјата, но за жал  во 21 век, ним статус на малцинство им е признато само во Мала Преспа, каде имаат право на овразование на мајчин јазик, наведува друштвото. Потсетува дека веќе три децении од сите албански влади барале обрзование на мајчин јазик за децата од Голо Брдо, каде настава на македонски имало до педесеттите години од минатиот век, потоа во Гора, како и во другите делови каде концентрацијата на Македонците е  поголема, но позитивен одговор нема. вт/аа/

Остани поврзан