• среда, 25 декември 2024

Честитка од МД „Илинден“ по повод 11 Октомври

Честитка од МД „Илинден“ по повод 11 Октомври

Тирана, 11 октомври 2024 (МИА) - Македонското друштво „Илинден“-Тирана од името на сите Македонци кои живеат во Албанија упати честитка по повод 11 Октомври - Денот на народното востание.
 
-Со голема почит кон загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и Револуцијата, сите кои се втемелија во државноста и она што се нарекува независна и суверена Македонија, давајќи го најскапоценото, својот живот, во името на Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонците во Албанија, Ви го честитаме 11 Октомври - Денот на Востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, стои во честитката.
 
Денеска, се додава понатаму во честитката, да се потсетиме и да им оддадеме достојна почит на оние кои се бореа за слободата, потврдувајќи ја нивната пожртвуваност и патриотизам.
 
-До сите Македонци каде и да се на земјината топка порачуваме да ја сакаме и почитуваме како светост нашата татковина Македонија, посакува Македонското друштво „Илинден“, во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и огранокот за Голо Брдо,  Фатри Фетаху. вт/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан