• среда, 27 ноември 2024

Честитка од МД „Илинден“ по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Честитка од МД „Илинден“ по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Дебар, 27 август 2023 (МИА) - Во пресрет на утрешниот голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво „Илинден“- Тирана упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот.

Во честитката се наведува дека празнувањето на успението на Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата.

– Ваше Блаженство, дозволете ни, Вам лично, на сите Македонци каде и да се во светот, на членовите на Светиот архијерејски синод, да Ви упатиме искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Празнувањето на Успението на Мајката Божја значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата, стои во честитката.

На овој голем празник, се подвлекува во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај, со силата на светото име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов и благодет кои ќе донесат мир во нашите семејства и во целиот свет.

Инаку, според традицијата негувана со векови голем собир ќе се одржи во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богордица“, во селото Церје, Мала Преспа, каде се очекува да присуствуваат сегашни и поранешни жители од ова област.

Голем број македонски семејства низ Албанија денот го одбележуваат како домашна слава. вт/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан