• четврток, 26 декември 2024

Честитка од Демократски сојуз по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Честитка од Демократски сојуз по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
Скопје, 9 мај 2022 

Демократскиот сојуз на сите граѓани на Македонија им го честита 9 Мај, Денот на победата над фашизмот, Денот на Европа.

Македонскиот антифашизам е основата на која е создаден македонскиот државен легитимитет, кaкo кoнтинуитет нa Maкeдонските револуционери: Гоце Делчев, Питу Гули, Никола Карев, Јане Сандански и многу други кои ги положија своите животи за самостојна и независна држава, Македонија.

Тоа не смее да се заборави, особено во периодот кога на нашата држава и' се оспорува нејзината историја и меѓународен субјективитет. Денес е денот кога треба да се потсетиме на македонските револуционери и партизани, кои претставуваа дел од глобалната сила која го урна Третиот рајх. Бевме на вистинската страна на историјата и со тоа треба да се гордееме.

Од било кога, во овие сложени меѓународни состојби, треба да покажеме сплотеност и единство, да бидеме мудри и како држава членка на НАТО, да го забрзаме развојот и отвориме нови перспективи преку реформите и евроинтеграциските процеси.

Ви благодариме на соработката.

Демократски сојуз

_________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан