• среда, 25 декември 2024

Честитка од градоначалничката на Данела Арсовска по повод 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите

Честитка од градоначалничката на Данела Арсовска по повод 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите

Скопје, 8 април 2024 

- Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска по повод 8 Април Меѓународниот ден на Ромите, како покровител на 12-тиот Конгрес на Интернационалната Ромска Унија, со голема почит им се обрати на присутните учесници од над 30 земји од светот, во име на Град Скопје им го честита празникот и 53 годишнината од Првиот Ромски Конгрес.

Ние во текот на целата година ги докажуваме преку континуирани активности заедничките напори за справување со предизвиците и делуваме за потребите на ромската заедница, како и на сите останати граѓани. Денешниот ден и неговото одбележување, ја симболизира нашата почит кон ромската заедница, која е значаен дел од нашето општество. Затоа ги славиме различностите и единствено со заедничка работа и почит, можеме да постигнеме поголем напредок за сите граѓани. Почитувани претставници на ромската заедница во Македонија, драги пријатели, ви го честитам денешниот празник“, истакна градоначалничката Арсовска.

Лучика Тудор Ромската Кралица делегат на Конгресот, го посети Град Скопје и како одраз на благодарност за соработката истакна дека е среќна што има институции кои ја подржуваат и препознаваат уникатната ромска култура. Во рамки на Конгресот како еден дел од програмата се одржува и 22. интернационален ромски филмски фестивал “ Златно тркало 2024“, на кој се доделуваат награди за најуспешните филмски остварувања. Единствено со искажување почит кон сите наши граѓани, ја градиме нашата Македонија како држава во која се почитува различноста и човековото достоинство и целиме кон солидарна и праведна држава за сите нас.

Град Скопје

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан