• понеделник, 19 јануари 2026

Честитка од Горан Минчев за Водици: Нека овој празник биде поттик за заедништво, солидарност и меѓусебно почитување

Честитка од Горан Минчев за Водици: Нека овој празник биде поттик за заедништво, солидарност и меѓусебно почитување

Скопје, 19 јануари 2026 (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев упати честитка по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици,  во која порачува празникот да биде поттик за заедништво, солидарност и меѓусебно почитување.

-Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици. Нека овој празник донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови и биде поттик за заедништво, солидарност и меѓусебно почитување, се вели во честитката од Минчев.

Во духот на празникот, со заедничка посветеност, да продолжиме да придонесуваме кон унапредување на јавната администрација, во интерес на сите граѓани, се вели во честитката од кабинетот на министерот за јавна администрација. аа/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан