• среда, 25 декември 2024

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Скопје, 11 октомври 2024

11 Октомври нека биде потсетник дека македонскиот дух е неуништлив, секој од нас има одговорност да ја брани и гради Македонија

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!

На овој голем ден, го одбележуваме почетокот на вооружената борба против фашистичкиот окупатор, кога на 11 октомври 1941 година, во Прилеп и Куманово, храбрите македонци го кренаа првиот удар за слобода. Овој херојски чин ја означи одлучноста на нашиот народ да се избори за својата слобода и достоинство.

11 Октомври не е само симбол на востание, туку и на вековната борба на македонскиот народ за слобода, правда и независност. Тоа е денот кога нашиот народ одлучи да го крене гласот против угнетувањето и да го започне патот кон самостојна и суверена Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ, како чувар на националните интереси, е горд наследник на тие идеали и продолжува борбата за силна, горда и непокорена Македонија. Денес, повеќе од кога било, е време да ја браниме нашата татковина од новите предизвици и да го продолжиме патот на нашите предци, со сила, решителност и верба во светла иднина.

Нека 11 Октомври биде потсетник дека македонскиот дух е неуништив, дека нашата земја има иднина и дека секој од нас има одговорност да ја брани и изградува. Македонија ќе победи!

Честит празник!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан