• вторник, 24 декември 2024

Челси ја одби понудата на Наполи за Лукаку

Челси ја одби понудата на Наполи за Лукаку

Лондон, 19 август 2024 (МИА) - Италијанскиот фудбалски клуб Наполи испрати официјална понуда до Челси за напаѓачот Ромелу Лукаку, но двократниот европски шампион ја одби.

Голем број британски медиуми, меѓу кои „Скај спортс“ и „Атлетик“, тврдат дека Наполи дал предлог со кој првично Лукаку би го довел на едногодишна позајмица, со задолжителен откуп од 30 милиони евра следното лето. Раководството на Челси инсистира Белгиецот да биде продаден во текот на актуелниот преоден рок и не е подготвен на компромиси.

На доаѓањето на Белгиецот инсистира Антонио Конте, тренерот на наполитанците, кој соработуваше со Лукаку во периодот додека беше на клупата на Интер.

Тогаш дуото го освои Скудетото. Потоа Конте се раздели со миланскиот клуб поради несогласувања во плановите за иднината, а следуваше враќањето на Лукаку во Челси.

Минатата сезона Лукаку го носеше дресот на Рома, како позајмен играч од лондонскиот тим. За „волчицата“ овој 31-годишен играч одигра 47 натпревари, постигна 21 гол и забележа 4 асистенции.

Челси бара 40 милиони евра за да го продаде белгискиот репрезентативец.

Наполи доживеа дебакл во првото коло од Серија „А“, откако доживеа пораз од Верона со 3:0.  дс

Фото: Архива

Остани поврзан