• среда, 25 декември 2024

Челси го трансформира составот, десетина играчи ќе си заминат

Челси го трансформира составот, десетина играчи ќе си заминат
Лондон, 3 август 2020 (МИА) - Челси ќе направи сериозни кадровски промени во текот на летото, пишува „Тајмс“. Околу 10 играчи ќе го напуштат лондонскиот клуб. Голманот Кепа Арисабалага може да замине на позајмица во друг клуб, бидејќи малку е веројатно дека некој клуб ќе сака да го ангажира со постојан договор. Исто така, раководството на „сините“ е подготвено да слушне предлози за Курт Зума, Андреас Кристенсен, Емерсон и Маркос Алонсо. Раководството на Челзи сака исто така да биде продаден Нголо Канте, кој пропушти голем дел од сезоната 2019/2020 поради повреда. Договорот на Мичи Батшуаи истекува следната година, па лондонскиот тим сака да го продаде ова лето за да добијат одредена сума. За него има интерес за него од дебитантот во Премиер лигата - Лидс. Вилијан исто го напушта „Стемфорд Бриџ“.

Тагови

Остани поврзан