• недела, 20 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Челзи ќе го отпушти Лампард со пораз од Лестер

Челзи ќе го отпушти Лампард со пораз од Лестер
Лондон, 19 јануари 2021 (МИА) – Тренерот на Челзи, Френк Лампард, ќе добие отказ доколку лондонскиот премиерлигаш загуби вечерва на гостување кај Лестер во рамки на 18. коло во Премиерлигата, објави „Talk Sport“. Според истиот извор, главен фаворит за негов наследник е германскиот стратег Томас Тухел, кој на почеток на овој месец беше отпуштен од редовите на францускиот првак Пари Сен-Жермен. Челзи има само две победи на последните седум натпревари во Премиерлигата и по 17 кола е осмопласиран со осум бодови помалку од лидерот Манчестер јунајтед. ег/гт/

Остани поврзан