• недела, 06 октомври 2024

Челзи подготвува понуда од 60 милиони фунти за Гордон

Челзи подготвува понуда од 60 милиони фунти за Гордон
Лондон, 23 август 2022 (МИА) – Премиерлигашот Челзи подготвува трета понуда за Евертон за играчот од средниот ред Ентони Гордон, објави „Скај спортс“. Сините подготвуваат да понудат околу 60 милиони фунти за 21-годишниот Англичанец. Цената вклучува бонуси за успешните настапи на играчот. Евертон претходно одби две понуди од Челзи од 40 и 45 милиони фунти. Гордон е „дете“ на Евертон. Минатата сезона забележа 40 настапи за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и три асистенции. Порталот „Transfermarkt.com“ го оценува играчот на 18 милиони фунти. Договорот на Гордон со клубот е со важност до 2025 година. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан