• недела, 01 септември 2024

Челзи нуди над 70 милиони евра за Гордон

Челзи нуди над 70 милиони евра за Гордон
Лондон, 23 август 2022 (МИА) – Раководството на Челзи е подготвено да му понуди на Евертон 71 милиони евра за услугите на 21-годишниот напаѓач Ентони Гордон, јавија денеска британските медиуми. Евертон минатата недела ја одби првичната понуда на Челзи од 60 милиони евра, образложувајќи дека Гордон не е на продажба. За Гордон интерес покажаа и Њукасл и Тотенхем, но и двата клуба не доставија конкретна понуда. Медиумите пренесуваат дека Челзи по секоја цена сака да го ангажира напаѓачот на Евертон до крајот на летниот преоден рок, бидејќи лондонскиот клуб влезе во новата сезона без класичен центарфор. ег/паг/

Остани поврзан