• среда, 25 декември 2024

Челзи не планира да се раздели со Мудрик

Челзи не планира да се раздели со Мудрик

 

Лондон, 12 октомври 2024 (МИА) – Премиерлигашот Челзи нема намера да се раздели со украинскиот репрезентативец Михајло Мудрик во зимскиот преоден рок, јавија британските медиуми.

Според истите извори, раководството на англискиот клуб не планира ниту да го позајми, ниту да го продаде украинскиот интернационалец, кој е конкуренција на Џејдон Санчо на крилната позиција во Челзи.

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, во Мудрик гледа важна алка од тимот и работи со него секој ден за да ја подобри формата.

Дваесетитригодишниот Мудрик сезонава одигра четири натпревари во дресот на Челзи. Украинскиот фудбалер му се приклучи на Челзи од Шахтјор Доњецк во јануари 2023 година.ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан