• среда, 13 ноември 2024

Челзи најпрофитабилен клуб во последните два трансфер-рока

Челзи најпрофитабилен клуб во последните два трансфер-рока
Лондон, 11 февруари 2020 (МИА) – Меѓународниот центарот за спортска истражувачка опсерваторија (ЦИЕС) објави извештај за билансот на клубовите во последните два трансфер-прозора. Челзи има најдобри перформанси, најмногу поради ограничената забрана за трансфер. Билансот на „сините“ изнесуваше плус 205 милиони евра. Тие продадоа 16 играчи за 250 милиони, а го купија само Матео Ковачиќ од Реал Мадрид. Исто така, во првите 10 се најдоа: Бенфика (166 милиони), Ајакс (137 милиони), Спортинг (92 милиони), Ред Бул Салцбург (75 милиони), Лил (69 милиони), Хофенхајм (69 милиони), Сампдорија (57 милиони), ПСВ (56 милиони) и Емполи (50 милиони). Во најдобрите пет европски лиги, само француската Лига 1 има позитивен биланс од 106 милиони. Англиската Премиер лига достигна минус од 844 милиони евра. зс/

Остани поврзан